| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународната ликовна колонија „Крапино 2015“

Тринаесеттата Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2015“, на која учествуваа 15 уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Украина,официјално заврши вчеравечер, 8-ми септември, во населбата Карпош во Куманово…

– На Денот на независноста ја затворивме 13. колонија во рамките на која уметниците создадоа повеќе од 35 дела. Тие прво ќе бидат презентирани пред кумановската публика на изложбата што се реализира во чест на Деновите на градот, а потоа ќе бидат поставени во галериите во другите градови од државата, изјави Зоран Павловски, претседателот на Здржението на граѓани Мултимедијален центар Карпино, кое е организатор на колонијата по затворањето наманифестацијата.

Уметниците, нагласи, се инспирираа од Карпинскиот манастир, лоциран на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

Уметниците кои учествуваа на годинашнава колонија се задоволни од учеството и сметаат дека е потребно ваквите проекти да се поддржат во секоја смисла. За нив учеството на колонијата е можност за размена на искуства.

– Уметниците твореа во класични и во комбинирани техники, изјави Мирослав Величковски, уметничкиот раководител на колонијата.

Дел од делата создадени на оваа ликовна колонија ќе останат во депото на здружението, а дел ќе бидат доставени до институциите и до установите во општина Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top