Капитенот Владо Илиевски кој го мачи повишена темература одигра маестрално во вториот натпревар на Евробаскетот во Загреб во рамките од групата Ц и беше вистински лидер на теренот на своите соиграчи. Не го криеше задоволството од победата над Холандија и посакува со ваков ритам да продожат сите што го носат репрезентативниот дрес.
– Тежок дуел во текот на сите 40 минути. Посебно заради тоа што Холандија вчера ја победи Грузија. По вчерашниот пораз смогнавме сили за да дојдеме до победата која многу ни значи. Покажавме карактер дека може да се воздигнеме на ниво со кое може да се натпреваруваме со секого. Посакувам овде да не застанеме затоа што не чекаат уште три средби во групата, а ние бркаме миниум уште една победа, за да можеме да се пласираме во следната рунда. Честитки до моите соиграчи, стручниот штаб, мислам дека ова е заслужена победа. Исто така, честитки и до навивачите. Сега, следи малку одмор и сигурно добро ќе ни дојде да ги наполниме батериите и да ги поправиме грешките пред продолжението на ЕП 0 изјави Владо Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.