Аргентинската полиција го уапси 66 годишниот Едуардо Овиедо, од приморскиот град Мар дел Плата, откако во дворот на неговата семејна куќа, беше откриена една просторија во која со години на ред, ги чувал како „затвореници“ својата сопруга и возрасниот син.
При претресот, полицијата открила „валкана и гнасна соба“, со желазна врата, заклучена од надвор, во која биле присилени да живеат жената и синот.
Полицајците останала згрозени од она што го откриле.
Еден од нив изјавил дека нашле повеќе чинии за хранење на кучиња, кои се верува дека биле користени за да им се дава храна на „уапсените“ сопруга и синот.
Овиедо кој е поранешен локален синдикален лидер, а сега се уште работи како градежен работник, при апсењето и во текот на претресот на полицијата, останал сосема мирен, не пружајќи никакаков отпор.
На полицајците им изјавил дека не се чувствува виновен.
Полицијата интервенирала по пријавата на двајцата други синови, кои живееле во соседството на куќата каде биле чувани „уапсени“ нивната мајка и братот.
При сослушувањето тие изјавиле дека досега се плашеле од таткото, па затоа и „со години“ молчеле за она што тој го правел.
Обвинителот на Мар дел Плата им изјавил на локалните новинари дека е згрозен и шокиран од откритието на полицијата и дека не може да верува оти еден човек може тоа да им го направи на своите најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се разведуваат Коки и Росана
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела



