| четврток, 6 декември 2018 |

Бремената жена што загина на релито во Шпанија требала да се породи во понеделник

reli trudnica Бремената жена Ана Кајазо  која го загуби животот во трагичната сообраќајна несреќа требала да се породи во понеделник, пишуваат шпанските медиуми. До несреќата дојде кога возачот на Пежо загуби контрола и се залета во побликата.

Таа на трката дошла по наговор на нејзиниот партнер, кој е голем љубител на мото-спортовите. И тој е меѓу загинатите во инцидентот.

Иако два дена пред породување докторите и советувале да мирува, се верува дека близината на патеката до нивниот дом била причината зошто тие сепак биле во публика.

reliВо несреќата загинаа четири жени, двајца мажи и едно осумгодишно дете. Освен кајазо, уште една жена била бремена. Повредени се 16 луѓе од кои неколкумина потешко.

Сите тие биле предупредени на опасноста и замолени да се тргнат од незаштитената кривина неколку минути пред да се случи трагедијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top