Бремената жена Ана Кајазо која го загуби животот во трагичната сообраќајна несреќа требала да се породи во понеделник, пишуваат шпанските медиуми. До несреќата дојде кога возачот на Пежо загуби контрола и се залета во побликата.
Таа на трката дошла по наговор на нејзиниот партнер, кој е голем љубител на мото-спортовите. И тој е меѓу загинатите во инцидентот.
Иако два дена пред породување докторите и советувале да мирува, се верува дека близината на патеката до нивниот дом била причината зошто тие сепак биле во публика.
Во несреќата загинаа четири жени, двајца мажи и едно осумгодишно дете. Освен кајазо, уште една жена била бремена. Повредени се 16 луѓе од кои неколкумина потешко.
Сите тие биле предупредени на опасноста и замолени да се тргнат од незаштитената кривина неколку минути пред да се случи трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тамара заведува и во деветиот месец од бременоста
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија