Унгарија нема да ги прекрши европските закони доколку изгради ограда на границата со Хрватска, но Европската комисија во принцип е против такви мерки, бидејќи не се во духот на ЕУ, изјави денеска во Брисел Наташа Берто, портпаролката на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
– Границата меѓу Унгарија и Хрватска е надворешна граница на шенген-зоната и секоја земја има право самостојно да реши какви заштитни мерки да преземе на таа граница – истакна Берто.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера нагласи дека ако бегалците почнат да влегуваат во Унгарија преку границата со Хрватска, тогаш исто како по границата со Србија ќе биде подигната бодлива ограда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Се шетале покрај морето, се потпреле на оградата и паднале врз карпите: Момче и девојка повредени во Херцег Нови
-
Црна Гора ќе поставува ограда долж границата со Албанија?
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ