| четврток, 6 декември 2018 |

Грциjа и Македониjа пред невозможна мисиjа

Пред­ло­же­ни­те мер­ки со кои Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја по ре­чи­си три де­це­нии вер­бал­ни и дип­ло­мат­ски су­ди­ри тре­ба да го вра­тат при­ја­тел­ски­от тон во ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си се ре­чи­си не­воз­мож­на ми­си­ја. Но на Ма­ке­до­ни­ја ѝ од­го­ва­ра тие да се спро­ве­дат во се­кој слу­чај, ду­ри и ако не до­ве­дат до бр­зо ре­ше­ние за име­то. Во си­ту­а­ци­ја­ва, не тре­ба да се ба­ра влак­но во јај­це­то и не е важ­но што грч­ки­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти во Скоп­је мер­ки­те ги прет­ста­ви ка­ко ини­ци­ја­ти­ва на грч­ка­та стра­на. Без раз­ли­ка што нај­го­лем дел од нив беа пред­ло­же­ни уште пред три го­ди­ни од ма­ке­дон­ска стра­на, ако од дру­га­та стра­на има ви­стин­ски ин­те­рес да се оди на­пред, тре­ба да ги при­фа­ти­ме ка­ко по­да­ва­ње ра­ка од грч­ка стра­на. Сѐ со цел ра­бо­ти­те да мрд­нат од ме­сто, ако тоа е во­оп­што мож­но

И грч­ка­та и ма­ке­дон­ска­та вла­да во оби­дот да ста­нат искре­ни при­ја­те­ли ќе се со­о­чат со ни­за преч­ки, кои, кол­ку што цел­та е по­те­шко­ из­вод­ли­ва, тол­ку ќе ста­ну­ва­ат по­го­ле­ми. Нај­го­ле­ми преч­ки за­се­га се на­ци­о­на­ли­стич­ки­те кру­го­ви во Скоп­је и во Ати­на, кои зна­ат де­ка со евен­ту­ал­но ре­ше­ние на спо­рот за име­то или со вос­по­ста­ву­ва­ње при­ја­тел­ски од­но­си ка­ко пре­дус­лов за ре­ше­ние ќе ста­нат дел од исто­ри­ја­та во ко­ја се пра­веа ка­ри­е­ри на те­ма­та„ Име и од­но­си со Гр­ци­ја“. Иа­ко и кај авто­рот на овие ре­до­ви, кој го­лем дел од сво­ја­та ка­ри­е­ра ја из­гра­ди на те­ме­ли­те на грч­ки­от ек­стре­мен на­ци­о­на­ли­зам и на од­го­во­ри­те од ма­ке­дон­ска стра­на, сѐ уште има се­ри­оз­ни ди­ле­ми за да по­тен­ци­ја­лот Ати­на се пов­ле­че од сво­и­те цр­ве­ни ли­нии, се­пак мо­ра да се да­де шан­са на нај­но­ва­та ини­ци­ја­ти­ва. Ду­ри и да е таа не­ус­пеш­на, ду­ри и ако прави уште по­го­ле­ми тен­зии и отво­ри но­ви пра­ша­ња, кои до­се­га беа на мар­ги­ни­те на спо­рот за име­то, си­те што има­ат не­ка­ква уло­га во до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки или што ќе учес­тву­ва­ат во кон­та­кти­те ме­ѓу две­те зем­ји, тре­ба да се од­не­су­ва­ат крај­но од­го­вор­но.

Осо­бе­но тре­ба да би­дат вни­ма­тел­ни лу­ѓе­то чи­е­ по­ве­де­ние мо­же да се тре­ти­ра ка­ко офи­ци­ја­лен др­жа­вен став на кој дру­га­та стра­на вед­наш ќе ре­а­ги­ра и ќе го за­пре про­це­сот на по­ми­ру­ва­ње ме­ѓу два­та на­ро­да. Иа­ко со го­ди­ни слу­ша­ме де­ка спо­рот за име­то не е спор ме­ѓу два­та на­ро­да, ту­ку ме­ѓу по­ли­тич­ки­те ели­ти, се­пак се ра­бо­ти за конф­ли­кт ме­ѓу два­та на­ро­да, кои, со иск­лу­чок на раз­лич­ни­от ја­зик, има­ат ни­за за­ед­нич­ки кул­тур­ни, мен­тал­ни и жи­вот­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки, мно­гу по­ве­ќе што ги по­вр­зу­ва­ат од што ги од­да­ле­чу­ва­ат. Но, ка­ко што на Бал­ка­нот за­ед­нич­ки­те ка­ра­кте­ри­сти­ки че­сто по­ве­ќе се при­чи­на за конф­ликт одо­што за при­ја­телс­тво, та­ка и кај грч­ки­от и кај ма­ке­дон­ски­от на­род, ме­сто со­ли­дар­ност и при­ја­телс­тво, во те­кот на конф­ли­ктот се соз­дал ани­мо­зи­тет во кој за дел од Ма­ке­дон­ци­те Гр­ци­те се „Ци­га­ни“ а за јуж­ни­те со­се­ди ние сме див­ја­ци или „ма­ла­ка“ ( во при­ја­тел­ски кон­текст со зна­че­ње „бли­зок дру­гар“ а во не­га­ти­вен „др­ка­џи­ја“ или „анус“). Ова вгнез­де­но чув­ство на не­при­ја­телс­тво ме­ѓу два­та на­ро­да ќе би­де нај­го­лем проб­лем за нив­но приб­ли­жу­ва­ње. Фа­ктот што грч­ки фир­ми во зем­ја­ва вра­бо­ту­ва­ат око­лу 17 ил­ја­ди ра­бот­ни­ци и што по­ве­ќе од 150 ил­ја­ди Ма­ке­дон­ци лет­ни­от од­мор и праз­ни­ци­те ги по­ми­ну­ва­ат на Хал­ки­ди­ки и во дру­ги­те ту­ри­стич­ки де­сти­на­ции, се­пак не е одраз на искре­но при­ја­телс­тво, ту­ку на ин­те­рес.

Исто ка­ко што Ма­ке­дон­ци­те да има­ат дру­га по­е­вти­на и по­у­ба­ва ва­ри­јан­та ни­ко­гаш не би оде­ле во Гр­ци­ја, та­ка и грч­ки­те сто­панс­тве­ни­ци ни­ко­гаш не би дош­ле во зем­ја­ва со ин­ве­сти­ции, ако во Ал­ба­ни­ја има­ат по­до­бри ус­ло­ви за оп­ло­ду­ва­ње на сво­јот ка­пи­тал. Иа­ко и во две­те зем­ји има мно­гу лу­ѓе што се кол­нат де­ка кај со­се­ди­те не до­жи­ве­а­ле не­га­тив­на ре­ак­ци­ја са­мо за­тоа што се Гр­ци или Ма­ке­дон­ци, се­пак е об­је­ктив­но де­ка ме­ѓу два­та на­ро­да при­ја­телс­тво­то не е на ни­во ка­ко што, на при­мер, е ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те и Ср­би­те. Ток­му за­тоа лу­ѓе­то што раз­мис­лу­ва­ат ка­ко да се спро­ве­дат мер­ки­те за до­вер­ба мо­ра да би­дат искре­ни и пред јав­но­ста и пред се­бе и да приз­на­ат де­ка по­ли­тич­ки­те ели­ти, кои, во нај­го­лем дел (по­крај исто­ри­ски­те со­би­ти­ја од кра­јот на де­вет­на­е­сет­ти­от и по­че­то­кот на 20 век) ги соз­да­доа ло­ши­те чув­ства со сво­ја­та на­ци­о­на­ли­стич­ка ре­то­ри­ка, мо­ра­ат пр­во да го ин­фор­ми­ра­ат на­ро­дот што е цел­та и ка­ко ќе се дој­де до неа. Гра­ѓа­ни­те мо­ра да зна­ат што е тоа што мо­же да се до­бие со мер­ки­те за гра­де­ње до­вер­ба и во исто вре­ме што е тоа што мо­же да се за­гу­би. Се­ко­ја ма­ни­пу­ла­ци­ја и кри­е­ње фа­кти и ви­сти­ни по­доц­на мо­же да се вра­ти ка­ко бу­ме­ранг. За по­че­ток, до­бро е да се под­го­тви­ме де­ка ед­на од нај­о­че­ку­ва­ни­те фра­зи во те­кот на гра­де­ње­то на до­вер­ба­та ќе би­де „се до­го­во­рив­ме де­ка не­ма­ме до­го­вор“ за одре­де­ни пра­ша­ња. Сѐ што е по­ве­ќе од тоа ќе би­де ќар. По­ве­ќе за Ма­ке­до­ни­ја откол­ку за Гр­ци­ја, за­тоа што, об­је­ктив­но, Гр­ци­ја не­ма кра­тко­роч­ни це­ли кои ѝ ви­сат на врат и по­ра­ди кои стра­да. Освен ако грч­ка­та по­ли­тич­ка ели­та не сфа­ти­ла де­ка и за неа е нај­до­бро на сво­ја­та се­вер­на гра­ни­ца да има ста­би­лен со­сед на кој мо­же да се пот­пре и ко­га ќе се за­па­ли шу­ма­та во Ха­ни­о­ти, и ко­га ќе не­ма стру­ја во те­кот на ле­то­то и ко­га ќе тре­ба да се би­јат по­го­ле­ми­те би­тки ка­ко га­со­во­дот „Тур­ски тек“ или „Вар­дар­ска До­ли­на“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top