Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи денеска Либерија за земја во која населението веќе не се заразува меѓусебно со вирусот на ебола.
– СЗО ја прогласува Либерија за земја, слободна од заразување со вирусот на ебола, така што поминаа 42 дена, откако на 22 јули е добиен втор негативен резултат на тестовите на последниот лабораториски потврден случај на заболен со вирусот. Сега за Либерија започнува 90-дневен период на зголемено набљудување – се наведува во соопштението на организацијата.
Ефективниот одговор на епидемијата на ебола во Либерија се должи на интензивната внимателност и брзото реагирање на владата и многубројните партнери, наведува СЗО.
Организацијата потсетува дека на 9 мај Либерија веќе беше прогласена за држава слободна од вирусот на ебола, но на 29 јули болеста повторно се врати. Властите брзо реагираа, а СЗО најави дека ќе продолжи со помош и во следните три месеци на зајакнато набљудување на ситуацијата.
Епидемијата на ебола низ целиот свет однесе вкупно 11.305 жртви, а 28.1090 беа заразени. Во Либерија животот го загубија 4.808 локални жители, во Сиера Леоне 3.953, а во Гвинеја 2.529 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.