На покана на библиотеката „ Ванчо Прќе“ од Виница утре во 12 часот (4.9., петок) во просториите на библиотеката ќе се одржи промоција на последната книга од Александра Велинова, насловена „Како ги заработив првите пари“. Книгата содржи интервјуа со 70 јавни личности – политичари, дипломати, уметници, спортисти, кои покрај тоа што ексклузивно ја раскажуваат својата приказна за првите заработени пари, имаат јасни пораки до младите во поглед на градењето на кариерата. За четири месеци откако е објавена книгата првиот тираж веќе е распродаден, а пред печатање е и втор. Книгата е дел од градските и училишните библиотеки во Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Охрид, Битола, Прилеп, Кочани, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Крушево, Кичево, Македонски Брод.
– Не очекував толкав интерес од страна на читателската публика, без оглед на возраста. По промоцијата во библиотеката во Велес во рамки на „Велес –град на култура“, следува промоцијата во Виница, а веќе имам покани и од други градови за следниов период – вели Велинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски