| четврток, 6 декември 2018 |

Во Неготино доделени 170 ваучери на семејства кои имаат новородено дете

„Зголемениот наталитет во општина Неготино за 19 отсто во период од 2 години  во потполност ја оправдува предлог мерката поднесена од моја страна за доделување по 7.000 денари за секое семејство од општина Неготино кое има новородено дете“-истакна градоначалникот Ванчо Апостолов на денешната пригодна свеченост на која беѓе одбележан јубилејот-2 години од стартот на овој проект, при што беа доделени вкупно 170 ваучери за новородени деца. Статистиката, додаде градоначалникот Апостолов, говори дека во 2013 година месечно во просек се раѓале по 13 деца, наредната 2014 по 15, додека во првите 8 месеци од 2015 година месечно во просек има по 18 новородени деца во нашата општина.

2(276)

 

Оваа можност, Апостолов ја искористи да промовира уште една негова предлог мерка – за секое третородено дете да се доделуваат по 14.000 денари која пред советниците во Советот на општината на разгледување и усвојување ќе се најде на првата наредна седница. Инаку, во изминатите две години ваучери во вредност од 7.000 денари им се доделени на 386 семејства од општината кои имале новороденче за што од општинскиот буџет се издвоени средства во висина од 2.700.000 денари.

фото: „Неготино инфо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top