| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која ги распамети теоретичарите на заговори: Зошто шефот на ИС позира покрај Џон Мекејн?

Теоретичарите на заговори последниве денови се окупирани со фотографијата што, наводно, докажува дека Исламската држава е, всушност, творба на САД. Спорната фотографија многу бргу се прошири на интернет и стана предмет на жестоки дискусии на социјалните мрежи и на форумите.

Имено, американскиот политичар и претседател на сенатскиот Одбор за вооружување, Џон Мекејн во 2013 година го посети северот на Сирија каде што се состана со евентуалните борци против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

На една од фотографиите снимени во текот на неговата посета, зад Мекејн се гледа неименуван маж за кој политичките противници на Мекејн, но и теоретичарите на заговори го поистоветуваат со водачот на Исламската држава Аву Бакр ал Багдади.

mb3_908765S0

Дополнително, масло на огнот стави колегата на Мекејн, републиканецот Ранд Пол, кој потврди дека сенаторот навистина се фотографирал со терористи.

– Точно е дека Мекејн се сретна со припадниците на ИСИЛ, но тогаш не знаеше кои се тие. Ако не зборувате арапски тешко е да одвоите кои се бунтовниците против режимот на Асад, а тоа се припадниците на ИСИС – објасни помалку невешто Пол.

Од друга страна, Мекејн ги демантира сите нагаѓања и тврди дека мажот на фотографијата само личи на Ал-Багдади.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top