| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на сопругата на терористот Ал Багдади: По седум години дознав дека сум била во брак со најопасниот човек на светот!

Саја ел Дулаими по повеќе години избегнување на медиумите, сепак раскажа детали од својот брак со Абу Бакр ел Багдади за шведскиот весник „Експрес“. Самохраната мајка на четири деца побегнала од својот сопруг пред неколку години, а во моментов се наоѓа на тана локација на границата меѓу Сирија и Либија. Ел Дулаими вели дека Ел Багдади бил сосема спротивно нешто од моменталната слика за него како најстрашен терорист на денешницата.

-Беше нормален семеен човек, како стана водач на најозлогласената терористичка организација е мистерија, вели Дулаими.

Иако нивниот брак не бил полн со љубов, Ел Багдади ги сакал децата на Саја од првиот брак исто како да се негови. Тие, пак го сметале за херој.

-Бев со него во брак од 2008 година. Сега сме разведени бидејќи јас го напуштив. Јас сум жена која многу има поминато во животот. Да сакав да живеам со Ел Багдади ќе живеев како принцеза. Не сакам пари, сакам да живеам во слобода, раскажува таа.

Саја Ел Дулаими, инаку потекнува од влијателно семејство, а нејзиниот татко работел како обезбедување на Садам Хусеин. За Ел Багдади се омажила со договорен брак откако починал нејзиниот сопруг.

Интерено е што Ел Багдади не војувал во редовите на ирачката војска во борбата против американските трупи, како голем број негови сограѓани. Тој бил академски граѓанин, според зборовите на неговата сопруга. Најголем дел од своето време го поминувал на Универзитетот каде ја изучувал религијата. Поранешната сопруга вели декалидерот на Исламска држава бил мистериозна личност.

-Не зборуваше за своето минато. Беше мистериозен и не зборуваше многу. Се гледавме главно навечер за време на вечерата. Се случуваше не биде дома со денови, но и кога ќе се вратеше не кажуваше каде бил, раскажува Ел Дулаини, која живеела со Ел Багдади и неговата прва сопруга, а го напуштила кога била бремена со нивната заедничка ќерка.

-Последен пат разговаравме во 2009 година. Ме праша дали сакам да му се вратам, но јас веќе донесов одлука, раскажува таа.

Жената која сириските власти ја апсеа неколку пати ја дознала вистината за својот поранешен сопруг многу години подоцна.

-Дури кога со децата побегнав во Либан открив шокантни вести. Ми покажаа фотографии од мојот сопруг и ме прашаа дали го препознавам. Излезе дека сум била мажена за Абу Бакр Ал Багдади. Тоа за мене беше најголем шок, седум години подоцна, дознав дека сум била во брак со најопасниот човек на светот. Во гневот го сршив прозорецот, вели Еј Дулаини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top