| четврток, 6 декември 2018 |

Отпис на долговите за комунална такса и јавно осветлување за 17 битолски семејства

отпис

Советот на општината Битола донесе одлука за еднократен отпис на долгови по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.

Од општинскиот Совет информираат дека станува збор за 17 семејства од категоријата социјално загрозени семејства чиј финансиски долг се движи од 96 до 4.100 денари.

– Со донесената одлука, општина Битола врши еднократен отпис на долгови на физички лица по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување. Еднократниот отпис на долговите се врши согласно Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, и одлуките за отпис на долговите донесени од комисијата при Министерството за труд и социјална политика. Одлуката  ќе се достави до барателот-должникот и  ЕВН-Македонија, а ќе биде објавена и во Службен гласник на општина Битола – посочуваат од локална самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top