| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на Рубин Казан, Ријат Билјалетдинов доби отказ!

Поради слабите игри во рускиот шампионат, управата на Рубин Казан му врачи отказ на тренерот Ријат Билјалетдинов и во брзо време мора да бара замена иако тој го внесе тимот во групната фаза од Лига на Европа елимирајќи го Работнички.
По седум кола, колку што се одиграни во рускиот шампионат, екипата на Рубин е на претпоследното место на табелата со три бода, една победа и дури шест порази.

Наследникот на Билјалетдинов сѐ уште не е познат. Во наредното коло во рускиот шампионат екипата на Рубин на домашен терен игра дерби против Локомотив Москва, која досега е непоразена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top