| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“

Јубилејната десетта по ред меѓународна ликовна колонија “Скопје 2015“ беше затворена вчеравечер (29-ти август) со традиционалната презентација за пошироката јавност на делата на уметниците направени за време на колонијата.

Меѓународната ликовна колонија “Скопје 2015“, која се одржа од 20 до 30 август во хотелот “Солун” е во организација на Музеј на град Скопје и хотел „Солун“, а под покровителство на Град Скопје.

– Ми претставува чест што ја имам можноста да Ве поздравам на финалето на десетте творечки денови во рамките на јубилејната меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“. Почитувани уметници, се надевам дека престојот во Скопје дејствуваше инспиративно за вас и дека ќе се вратите во своите татковини со убави впечатоци и спомени за нашиот град. Дозволете ми од мое име, како градоначалник на Град Скопје и покровител на колонијата, да Ви се заблагодарам за културното наследство што го оставате на градот Скопје и на Република Македонија, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

likovna_kolonija_sk

Оваа година на своите ликовни дела свој потпис оставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки стилови, кои живеат и создаваат во различни средини, меѓу кои: Ване Костуранов, Али Синани, Петра Јовановска, Стојче и Емилија Тоциновски и Петар Попчев од Македонија, Мариана Алассеур од Чешка, Фусун Чалајан од Турција, Малгорзата Јоана Каплан од Полска, Вацлав Малина од Чешка и Нејра Сабљица од Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top