| четврток, 6 декември 2018 |

Како „Тинекс“ ја купил катната гаража спроти „Беко“

Компанијата „Тинекс“ денеска на прес-конференција ги презентираше фактите и вистината за проектот за катна гаража (наспроти Беко), за кој во изминатите денови компанијата во низа наврати е споменувана во јавноста од страна на Андреј Жерновски за да го оцрни сопственикот Владимир Тодоровиќ, кој е кандидат за градоначалник за општина Центар по втор пат.

Според претставници на „Тинекс“, Жерновски повеќе пати изнесувал лаги и невистини за начинот на кој комапнијата се стекнала со  имот од 474.01 квадратни метри во катната гаража на улица Даме Груев (Беко).

– Јас како директор на малопродажба во „Тинекс“ и, исто така, одговорен за отворање нови објекти директно учествував во купопродажбата на деловен простор во катната гаража „Беко“, во ноември 2011 година, за кој три дена по ред, во повеќе печатени медиуми беше објавен оглас за учество на јавно наддавање за продажба на простор со комерцијална намена во рамките на катна гаража (Беко). „Тинекс“ беше заинтересиран за купување простор и ги спроведе сите неопходни чекори за учество на јавното наддавање. Наддавањето се оодржа по речиси еден месец од датумот на објавувањето. Нашата компанија беше најповолен понудувач на наддавањето и по цена од 2.419 евра за квадратен метар го купивме просторот. Господинот Жерновски повеќе пати прашуваше како сме се стекнале со овој имот. Одговорот е многу едноставен, јасен и тука нема ништо спорно, ниту нечесно – изјави г. Љупчо Васовски, директор на малопродажба во „Тинекс“ и одговорен за отворање нови објекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top