Она што го јадеме игра клучна улога во одредувањето на здравјето на нашиот мозок. Има производи кои доколку се вклучени во нашата исхрана ја оптимизираат функцијата и работата на нашиот мозок. Некои храни имаат супер моќи за мозокот и помагаат во превенција од разни медицински состојби кои влијаат врз состојбата на овој спрецифичен и многу важен орган. Добро балансираната исхрана богата со есенцијални хранливи материи е многу важна за создавање на енергија во мозокот и за одржување на неговото здравје.
1. РИБА
Рибата содржи есенцијални омега-3 масни киселини во големи количества. Тие се многу значајни во регулирање на функциите на мозокот. Овие масни киселини имаат потенцијал да ја подобрат комуникацијата помеѓу мозочните клетки, што за возврат гарантира подобро целокупно здравје на мозокот.
2. ЧИЛИ
Во 100 грама чили се содржат 144 милиграми витамин Ц, што е многу повеќе за разлика од други овошја и зеленчуци (пр. портокал). Антиоксидантните својства на овој витамин спречуваат оштетување на мозокот од оксидативен стрес, со справување и елиминирање на слободните радикали.
3.ДОМАТИ
Доматите се богати со антиоксидансот ликопен. Овој антиоксиданс се бори против слободните радикали и ги елиминира од човечкото тело, со тоа спречува оштетувања на мозокот, поради оксидација. Ова е добро за целокупното здравје на мозокот и е заштитна мерка против губење на меморијата и други несакани состојби, како што е синдромот на Алцхајмерова болест.
4.СЕМКИ ОД ТИКВА
Тие се центри на моќ од цинк, минерал кој ја зголемува меморијата. Заедно со додавање доволно енергија до мозокот, цинкот игра голема улога во целокупното здравје на мозокот. А неколку семки од тиква на ден спречува оштетувања на мозокот.
5. БРОКУЛА
Збогатена со витамин Ц, витамин К, и холин, брокулата е супер храна за мозокот. Додека холинот е од суштинско значење за одржување на здрави невротрансмитери и ја зголемува мемориската моќ, витаминот К ја зголемува когнитивната моќ, а со тоа и одложување на деменциите поврзани со стареењето.
6. ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Благословени со лулка полна со омега-3 масни киселини, омега-6 масни киселини, фолна киселина, витамин Е и витамин Б6, јаткастите плодови – ореви, бадеми, кикирики, лешници и сл.- се добри масти кои помагаат во зајакнување на мозокот. Витаминот Е во овие плодови помага во одложување на губење на меморијата поврзано со староста, а присуството на есенцијални масни киселини обезбедуваат подобра циркулација, со што се обезбедува подобро здравје за мозокот.
7. КАКАО
Чоколадите првично се правеле од какао, но денес можете да најдете само траги од ова состојка во млечното чоколадо. Сепак, темното чоколадо е добар извор на какао. Студии спроведени за какао бенефитите за мозокот укажуваат на тоа дека овие темно кафеави зрна всушност можат да помогнат во спречување на когнитивниот пад и појава на деменција.
8. БОРОВИНКИ
Овие темно сини точиња се богати со витамини и антиоксиданти кои го зајакнуваат мозокот. Редовно конзумирање на овие здрави плодови ја зголемува мемориската моќ, а нивните антиоксиданти ги елиминираат слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес кој влијае на мозокот.
9. ЛЕН
Ленот е добар извор на омега 3 масни киселини – АЛА, кои помагаат во производство и заштита на невроните. Тој исто така содржи AA и GLA – членови на Омега 6 масни киселини. Тие можат да ви помогнат во развојот на невроните, како и регулирање на функционирањето на мозокот. Редовната употреба на 1-2 лажички од ова семе на ден е од корист за подобрување на целокупното здравје на мозокот.
10. ЈАЈЦА
Јајцата се богат со основната хранлива материка холин. Оваа хранлива состојка игра значајна улога во одржување на здрав мозокот. Вклучување на јајца во вашата исхрана може да ви помогнат во добивање на дневно препорачаната доза холин. Јајцата, исто така, содржат холестерол, кој е од суштинско значење за одржување на здрави неврони . Присуство на DHA во јајцата овозможува подобра комуникација помеѓу невроните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заработка до 20.000 евра по хектар: Сега е вистинско време да ги засадите овие плодови!
-
Погледнете што се случува во мозокот непосредно пред смртта
-
По операцијата Фергусон е во стабилна состојба: Имал крварење на мозокот
-
Веднаш престанете со овие секојдневни навики: Не сте свесни колку му штетат на мозокот