| четврток, 6 декември 2018 |

Металург одигра нерешено против Краснодар

metalurg

Ракометарите на Металург одиграа нерешено против Краснодар – 27:27, во вториот натпревар на турнирот „Вардар 2015“ што се одржува во салата „Јане Сандански“ во Скопје. „Металурзите“ во финишот од натпреварот за неколку минути прокоцка пет гола предност и испушти сигурна победа.

Во изедначеното прво полувреме двете екипи се сменуваа во водство. „Металурзите“ во 18.минута дојдоа на +2 (8:6), но потоа Краснодар напорави серија од 4-0 и го презеде водството. На две минути пред крај на полувремето повторно Металург беше во минимална предност, сепак со еден гол предност на одмор замина рускиот тим (11:12).

Металург сигурно го почна второто полувреме. За девет минуити игра „металурзите“ направија серија од 6:1 и поведоа со 17:13, а потоа и со 19:14 во 40.минута од натпреварот. Русите тешко доаѓаа до погодок покрај добро поставената одбрана на Металург и сигурниот Дупјачанец на голот.

Во последната четвртина од мечот, македонскиот тим влезе со највисоки шест гола предност (21:15).  Но, во продолжението му дозволија на противникот со неколку погодоци во серија да намали на 22:20. Во финишот Металург одново ја презеде контролата на теренот, сепак Русите повторно се вратија во игра, постигнаа неколку гола во серија и во истекот на последната минута успеаја да изедначат на конечните 27:27.

Најефикасни во составот на Металург беа Јанко Божовиќ со девет и  Бојан Маџовски со седум гола, а голманот Даниел Дупјачанец го заврши мечот со десет одбрани.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top