| четврток, 6 декември 2018 |

Белгијците најбогати во еврозоната

Семејствата во Белгија се најбогати во еврозоната, со вкупно богатство од 981 милијарди евра, покажуваат анализите од минатата година

BelgijaПросечно белгиско семејство има 67.158 евра во заштета и инвестиции, што претставува рекорд во еврозоната. Холандскиот просек изнесува 61.219 евра, потоа следи Франција со 47.407 евра, а на крајот е Германија со приближно 39 илјади евра.
Белгијците во иднина очекуваат зголемување на данокот, и поради тоа голем дел од финансиите ги заштедуваат, што според експертите е причина зошто нејзините жители се богати, а самата држава сиромашна.
На крајот од јуни 2007 година, кога берзата беше најстабилна, семејното богатство во Белгија беше проценето на 882 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top