| четврток, 6 декември 2018 |

Противникот на Македонија, Грција со силен тим на Евробаскет 2015

basket-mkd-500

Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација Фотис Кацикарис го објави конечниот список на играчи кои ќе настапат Европско првенство во септември годинава.
Грција е во група со Македонија и токму овие две репрезентации се среќаваат во првото коло од групата Ц на 5. септември во Загреб. Пред 4. години на ЕП во Литванија Македонија беше подобра во меѓусебниот меч, но сега Грците имаат далеку подобар состав така што на тимот на Марјан Србиновски ќе му биде мошне тешко.

Грците ќе ги предводи тандемот на еден од најдобрите тимови во Европа, Олимпијакос: Василис Спанулис и Јоргос Принтезис, а Кацикарис ќе смета и на тројца НБА играчи: Костас Папаниколау од Денвер, Костас Куфос од Сакраменто и Јанис Антетокумбо од Милвоки. Во селекцијата е и новиот играч на Барселона, Стратос Перпероглу, довчерашниот член на Реал, Јанис Бурусис, Зисис (Бамберг), Кајмакоглу (Уникс), Калатес (Панатинаикос), Слукас (Фенербахче) и Манцарис (Олимпијакос).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top