| четврток, 6 декември 2018 |

За опозиционерите, македонската Влада е виновна и за војните во Сирија и Азија

Левичарското движење „Солидарност“, верувале или не, ја обвини македонската Влада за војните во Сирија и Азија.

Еве што објавија тие на својот Фејсбук профил:

-Македонските власти се соучесници во создавањето на политичка и економска нестабилност на Блискиот Исток од каде потекнуваат илјадниците бегалци кои деновиве беа брутално спречени да влезат во Македонија. Голем број од нив бегаат токму од воените конфликти во Ирак и Авганистан. Неколку последователни македонски влади учествуваа во окупацијата на Авганистан и Ирак со испраќање на АРМ во т.н. мировни мисии. Окупирањето на суверени држави во Блискиот Исток предизвика милиони жртви и раселени лица. Бегалците кои денес минуваат низ Македонија и бегалската криза се резултат на воените агресии во кои македонските воени сили учествуваа. Надворешна политика која го загрозува суверенитетот на суверени држави и предизвикува вакви хуманитарни катастрофи не може да се оправда на ниту еден начин. Ги повикуваме македонските граѓани да се мобилизираат, да покажат солидарност кон бегалците и да се обединат против милитаризмот!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top