| четврток, 6 декември 2018 |

Квадрадо е се поблуску до Јувентус и тоа за „беспари“

kvadrado

Се поизвесно е дека колумбискиот репрезентативец во редовите на Челси, Хуан Квадрадо ќе се пресели во Јувентус како позајмен фудбалер.
Тој не се снајде најдобро на „Стемфорд бриџ“ и Жозе Мурињо бара клуб каде би можел да го отстапи за една сезона, а „старата дама“ е сериозно заинтересирана да го доведе и тоа само за 1,5 милиони евра. Тоа е отштетата што Јувентус ќе ја плати за едногодишна позајмица на крилниот играч на Челси.

Квадрадо е докажан фудбалер во Серија А лигата, и му лежи италијанскиот фудбал откако пред да премине во лондонскиот тим со успех настапуваше во дресот на Фиорентина. 26-годишниот Колумбиец се наоѓа во Лондон, каде преговара со раководството на Челси за да добие дозвола за едногодишна позајмица меѓу „бјанконерите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top