| четврток, 6 декември 2018 |

Челси продолжува да изненадува, понуди 120 милиони евра за Погба

Заспаниот актуелен шампион на Англија, Челси кој беше доста пасивен во досегашниот дел од летниот преоден рок, по неколкуте лоши резултати на стартот од новата сезона во кој освои само еден бод од два меча, се чини дека тргнува во голема офанзива за да го засили тимот до крајот на август.
По доведувањето на златното момче од Барселона, Педро сопственикот Роман Абрамович не се шали и не штеди пари за доведување само на големи имиња.
Следната мета е суперѕвездата на Јувентус Пол Погба за кого Мурињо и Абрамович се спремни да издвојат неверојатни 120 милиони евра и да го направат најскап фудбалер во светот.

Оваа информација доаѓа од Островот, а веќе се шири и на Апенините, каде прв ја лиферува Танкреди Палмери, кој важи за еден од најдобро информираните новинари за клубовите од Серија А.

За дефанзивната линија, Челси се уште се надева на ангажман на најдобриот млад дефанзивец во Англија, Џон Стоунс од Евертон, а „бомбата“ е Пол Погба.

Директорот на Јувентус, Бепе Марота, неколку пати истакна дека Погба не е на продажба, но којзнае како би реагирала „старата ама“, доколку навистина пристигне понуда од 120 милиони евра во Торино. Приказната тргна, а Пол Погба цело лето е на насловните страници од медиумите во Лондон, Манчестер, Мадрид, Барселона, Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top