| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев ќе биде стартер за Џенова на првиот натпревар од новата сезона

pandev

Македонскиот интернационалец Горан Пандев летово се врати во Серија А лигата во Италија во екипата на Џенова. И покрај тоа што управата на клубот ангажираше неколку квалитетни засилувања во нападот, тренерот Гасперини има полна доверба во Пандев и одлучи да го вметне во составот за првиот натпревар во новата сезона против Палермо.

Италијанските медиуми објавија дека Гасперини веќе им ја соопштил ваквата одлука на фудбалерите, порачувајќи му на Пандев дека очекува тој добро да се снајде и во оваа улога, иако е јасно дека омилена позиција на Македонецот му е кога игра зад напаѓачот. Сепак, во ситуација кога Паволети е суспендиран, а Гакпе е повреден, тренерот на Џенова одговорната улога му ја додели токму на Пандев.

– Сум играл како најистурен напаѓач во репрезентацијата, сум играл неколку натпревари и во италијанскиот шампионат, така што ова не е никаква новост за мене. Не ми прави разлика каде ќе играм, желбата секогаш ми е да му помогнам на тимот да оствари добар резултат – изјави Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top