| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо ќе му дозволи на Вилијан да си замине?!

Бразилскиот интернационалец во редовите на Челси, Вилијан би можел до крајот на летниот преоден рок да го напушти „Стенфорд Бриџ“.
По доаѓањето на Педро, се чини дека Жозе Мурињо ќе му дозволи на Вилијан да си замине, со оглед дека доби вистинско решение за крилните позиции.
Досега Бразилецот беше приморан да игра по страничните позиции, но неговата природна позиција е креативец во средниот ред.
Тој се прослави на оваа позиција уште со игрите во Шахтјор Доњецк, а во Лондон пристигна од редовите на Анжи. Неговиот менаџер изјави дека веќе стапил во контакт со Баерн Минхен и ПСЖ и дека преговорите се во тек. Во последен момент од летниот преоден рок би можел да се вклучи и Милан доколку не го обезбеди траснферот на Витсел од Зенит, а во барање на токму таков играч каков што е Вилијан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top