Добитникот на наградата „Златен венец“ на годинашните Струшки вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао, ќе гостува во Друштвото на писателите на Македонија на 31 август во 12 часот.
Ова ќе биде можност љубителите на литературата во главниот град на нашава земја да го проследат портретот на Беи Дао, еден од најголемите современи поети во светот.
На средбата за творештвото на Беи Дао ќе зборуваат претседателот на ДПМ Веле Смилевски, претседателот на СВП Славе Ѓорѓо Димоски и директорот на манифестацијата Мите Стефовски, а стиховите ќе ги кажува артистот Роберт Вељановски.
Книжевната средба во домот на писателите ќе биде чин на прогласување на Беи Дао за почесен член на ДПМ. Притоа кинескиот поет ќе има разговор со претставници на македонската писателска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.