| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на Беи Дао ќе му биде врачен „Златниот венец“

Вечерва на Мостот на поезијата же се одржи меѓународното поетско читање „Мостови“, каде ќе бидат врачени наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“. Добитникот на „Златниот венец“ на 54. Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао, синоќа имаше свое претставување во црквата „Света Софија“ во Охрид. Говорејќи за неговото минато, пред присутните во храмот, тој истакна дека животот си го гледа низ долг и темен тунел, на чиј крај е неговото детство.

– Бегање од часови уште од мала возраст, читање, фаќање штурци и медитации во глад. Пекинг е градот каде сум роден и израснат. Културната Револуција изби во 1966 година, војната кога имав само 17 години. Ниту основно училиште не завршив, и се упатив кон варварскиот плоштад. Кога навлегов во младешките години, семето на поезијата, расеано среде билје и бетон, растеше бујно, рече Беи Дао.

За него поезијата не е логика или игра на зборови, туку е камен, кој кога ќе го удриш неколку пати ќе даде искра. Потсети на неговото учество пред 12 години, кога „Златниот венец“ го доби Томас Транстромер.

Годинашниот лауреат на СВП изрази благодарност до неговите присутни колеги и фестивалскиот совет, но и до сите од меѓународната поетска традиција.

По неговото претставување, музички настап имаше харфистката Мерсиха Шукри.

Учесниците на 54. Струшки вечери на поезијата, претходно имаа можност да разгледаат дел од културно-историските споменици во Охрид и да читаат поезија на Плоштадот пред споемикот на „Свети Климент“.

Добитникот на наградата „Златен венец“ на годинашните Струшки вечери на поезијата, утре ќе гостува во Друштвото написателите на Македонија (31 август,понеделник). Ова ќе биде можност љубителите на литературата во главниот град на  нашава  земја  да  го  проследат  портретот  на  Беи  Дао,  еден  од најголемите современи поети во светот. На средбата за творештвото на Беи Дао ќе зборуваат претседателотна ДПМ Веле Смилевски, претседателот на СВП Славе Ѓорѓо Димоски и директорот  на  манифестацијата  Мите  Стефовски,  а  стиховите  ќе  ги кажува  артистот Роберт Вељановски.Книжевната  средба  во  домот  на  писателите  ќе  биде  чин  на прогласување на Беи Дао за почесен член на ДПМ. Притоа кинескиот поет ќе има разговор со претставници на македонската писателска асоцијација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top