Во рамки на овогодинешното издание на Струшките вечери на поезијата вечерва во 18:30 часот на плоштадот во Охрид пред споменикот на „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи поетско читање „Созвучја“. Љубителите на поезијата ќе може да слушнат дел од творештвото на поетите Висар Жити од Албанија, Филип Хамил – Австралија, Иван Христов – Бугарија и други поети кои се дел од СВП.
Во 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Поетски портрет на поетот-лауреат на „Златен венец на СВП 2015“, Беи Дао. Во рамки на овој дел од манифестацијата свој настап ќе има харфистката Мерсиха Шукри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.