Групата „Ван Гог“, која е основана 1986 година, утре во рамките на „БИТФЕСТ“ настапува во Хераклеа. Во февруари 1986 групата го објавува својот промо сингл со песната „Траги на минaтото“, а истата година на Младинскиот фестивал во Суботица ја добиваат втората награда од публиката и третата награда од жирито. Кoн крајот на 1986 излегува и нивниот деби албум “Van Gogh”. Натаму, следуваат албумите: Свет је мој (ПГП РТБ, 1991), Страст (ПГП РТС, 1993), Трагови прошлости (компилација; ПГП РТС, 1995), Ходи (ПГП РТС, 1996), No Comment (концертен; Метрополис, 1997), Опасан плес (Метрополис, 1999), Happy New Ear (концертен; Метрополис, 2001), DrUnder (Hi Fi Centar, 2002), Коло (ПГП РТС, 2006), Срећно ново (Уживо) (2007), Лавиринт (2009), Неумерен у свему (2013). Инаку, триото „Ван Гог“ Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, Србољуб Радивојевиќ – Срба и Дејан Илиќ – Цвика, втор пат доаѓаат во Битола, тоа го направија во 2009, по излегување на нивниот албум „Лавиринт“, во рамките на манифестацијата „Битола отворен град“ односно го означија свеченото финале на БИТ ФЕСТ 2009.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.