| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје е пред потпис со Ратко Варда

ratko varda

Управата на МЗТ Скопје продолжува со преговорите со неколку потенцијални квалитетни засилувања за следната сезона.
По успешното финализирање на трансферот на Марко Луковиќ и продолжување на договорите со македонските репрезентативци Дамјан Стојановски и Марко Симоновски, македонскиот шампион ќе се обиде да ги засили центарските позиции со искусниот Ратко Варда. Со него веќе се водени разговори и истите се во завршна фаза, па Варда наскоро би требало и официјално да го облече дресот на македонскиот шампион

Ратко Варда (36 години, 213 сантиметри) и пред неколку години беше поврзуван со трансфер во редовите на МЗТ Скопје, но тогаш двете страни не успеаја да се договорат околу финансиските услови. Овојпат ситуацијата е малку поинаква, Варда пред залезот на кариерата нема толку големи побарувања, а и МЗТ Скопје е во многу посериозна потрага по центар во ситуација на дефицит на играчи под кошот, по заминувањето на Самарџиски.

Српскиот кошаркар во својата кариера има настапувано за повеќе клубови во Европа, Партизан, Реал Мадрид, Жалгирис, Химки Унион Олимпија, а една година беше член и на Детроит Пистонс во НБА лигата.
Минатата сезона ја заврши во Либанското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top