Иако ситуацијата е тешка, неочекувам некаква нестабилност во Србија по 2 април и осмата рунда преговори со Приштина , вели во интервју за весникот „Данас“ Небојша Стефановиќ, претседател на српското Собрание.
„Приштина, до душа, постојано се обидува да создаде доза несигурност на терен, но ние апелираме до меѓународната јавност да создаде услови за Србите на Косово да се чувствуваат безбедно“. Тој додава дека не очекува ескалација од незадоволство од оние политички структури во Србија кои се против решавање на косовското прашање бидејќи поддршката за тие екстремисти е толку минорна што повеќе од еднодневен циркус нема да може ништо повеќе да се случи. Следниот ден ќе биде мирно, ја пренесуваат српските медиуми оценката на Стефановиќ.
На прашање очекува ли повторно палење амбасади низ Белград, тој вели:
– Секако дека не. Србија сега е сериозна држава и ние ќе ги исполниме сите меѓународни обврски, но и ќе штитиме сѐ во согласност со нашите закони. Ќе обезбедиме мир по улиците. Верувајте дека оваа влада тоа ќе го стори – вели претседателот на српското Собрание.
Во 2008 година, по протестите под мотото „Косово е Србија“, по прогласувањето на косовската независност, разгневената маса ја запали американската амбасада во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба