Речиси половина од криминалот поттикнат од расна омраза во Германија минатата година е извршен во источните провинции, на територијата на поранешна Источна Германија, каде живее само 17 отсто од населението на земјата, јави ДПА.Четириесет и седум отсто од расно мотивираните криминални дела се извршени во источните провинции, вклучувајќи го и Берлин, се наведува во извештајот на германското Министерство за внатрешни работи.
И покрај тоа што само 130 криминални дела со расен мотив против имигранти се регистрирани во целата земја, бројот на криминални дела од омраза се зголемува на 1.029, доколку се вклучат и оние, кои им се припишуваат на крајнодесничарските екстремисти.
Западната провинција Северна Рајна Вестфалија, која има најмногу жители, е а прво место со 370 криминални дела, а по неа следува Берлин со 111.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.