| четврток, 6 декември 2018 |

Почина легендарниот музичар Арсен Дедиќ

Во 78-мата година од животот, вечерва почина легендарниот музичар Арсен Дедиќ. Тој пред повеќе од две недели беше хоспитализиран во Загреб, а во последените два дена состојбата нагло му се влоши.

Арсен Дедиќ е роден во Шибеник на 28 јули 1938 година. Тој беше кантавтор, композитор и поет, изведувач на бројни шансони. Напиша и изведе многу песни на свој оригинален стил, со што стекна многу обожаватели и освои многу награди на фестивалите. Тој се смета за основоположник на шансоната во Хрватска и во поранешна Југославија, а неговите албуми се продаваат во огромни тиражи.

Беше женет со хрватската пејачка Габи Новак со која го имаат синот Матија Дедиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top