Владата ги решава најгорливите проблеми на граѓаните инвестирајќи континуирано во водоводни и канализациони системи.
Со изградбата се опфатени шеесетина различни општини низ целата држава. Владата досега изгради вкупно 383 водоводи и канализациски мрежи низ целата држава, во вредност од 38 милиони евра. Во моментов се градат 23 нови водоводи и канализации, во вредност од 11 милиони евра. За две години се планира градба на нови 19 водоводи и канализации, вредни 20 милиони евра.
Премиерот Никола Груевски вчера истакна дека изградбата на инфраструктура на канализации и водоводи се одвива добро.
-Ова е сегмент на кој многу посветуваме внимание. Секаде претставуваат решавање на сериозно прашање за граѓаните независно дали покриваме село до 200, 350, 1000 жители или повеќе. На тие луѓе кои се уште користат септички јами или немаат вода од водовод ова им е од големо значење. Имаме извршено скенирање на теренот во Република Македонија – истакна Груевски.
Жителите на општина Василево се задоволни од реализацијата на ваквите проекти кај нив. Велат септичките јами стануваат минато, а водоводот значи живот во овие села.
-Во Ангелци многу време чекавме за канализација. Но, веќе започна да се работи и веќе повеќе од половина е направена, благодарение на Владата н. Наскоро треба да се направи уште еден крак. Ова е голем благодет за граѓаните – вели жител на Ангелци.
-Се наоѓаме во село Пеперево, во општина Василево. Тука во нашето село, благодарение на општина Василево, заедно со помош на Владата се изгради фекална канализација како и атмосферска канализација. Тоа е голем бенефит за граѓаните на Пеперево, затоа што септичките јами кои беа веќе нема да се користат – вели жител на Пеперево.
-Што се однесува за водоводот во село Чанаклија, ние во претходните години мака мачевме со вода за пиење. Благодарение на градоначалникот , поддржан од Владата, дојдовме до овој водовод кој значи многу, значи живот за село Чанаклија. Со пуштање на водоводот живото значително се измени, домаќинствата се многу задоволни, а особено значи за младите фамилии кои сакаме да ги задржиме во селото – вели жител на Чанаклија.
-Во последните две години Чанаклија доби водовод, нов изграден на најсофистициран начин. Ова беше проблем за граѓаните веќе 40 години и благодарение на оваа Влада, на локалната самоуправа, успеавме да донесеме вода, па благодетите се неминовни и видливи. Ние носевме вода со туби или шишиња, преку цела ноќ се дежураше и се полнеше, па ова е благодет за село Чанаклија кој ќе го паметат сите генерации – вели друг жител на селото.
-Што се однесува за водоводот во село Чанаклија, ние во претходните години мака мачевме со вода за пиење. Благодарение на градоначалникот Ване Стојанов, поддржан од Владата и Никола Груевски дојдовме до овој водовод кој значи многу, значи живот за село Чанаклија. Со пуштање на водоводот живото значително се измени, домаќинствата се многу задоволни, а особено значи за младите фамилии кои сакаме да ги задржиме во селото- вели жител на Чанаклија.
Градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов вели дека со помош на Владата и ресорните министерства се решаваат децениските проблеми кои граѓаните ги имаат со водоснабдувањето.
– Конкретно во населено место Чанаклија беше изграден и веќе е во употреба еден од посовремените водоводи во Општина Василево, проект за чија реализација ни беа потребни средства од околу 500.000 евра и ние како локална самоуправа заедно со Владата на Република Македонија го решивме проблемот на околу 600 жители на ова населено место. Самиот водовод е со должина од околу 8 километри, од кои 4 припаѓаат на потисниот цевовод, а 4 на дистрибитувната мрежа за населеното место. Но, со изградбата на водоводите и со решавањњето на водоснабдувањето се наметна и потребата од изградба на колектори за одведување на отпадни води. Бидејќи на територијата општина Василево имаме рамничарски населени места неминовна беше потребата од колектори за одведување на отпадни води. Повторно во соработка со Владата на РМ, Министерството за транспорт и врски и средствата кои ни беа одобрени за вакви проекти, Општина Василево се зафати и за решавање на вакви проблеми – вели Стојанов.
Тој додава дека за период од две години на територијата на четири населени места во Општина Василево, се изградени системи за одведување на отпадни води со должина од 35 километри и систем за одведување на атмосферска вода во должина од околу 4 километри.
Изградбата на водоводите и канализиите се одвива преку програмата за рурален развој на министерството за земјоделие како и преку посебна програма на министерството за транспорт.
-Од 2006-та година до сега изградени се 184 проекти за водоводи во сите општини во Република Македонија, со вредност од 23 милиони евра, додека 179 проекти за канализација во вредност од 13 милиони евра. Ќе продолжиме и понатаму да работиме, да градиме и реконструираме локални патишта, регионални, магистрални, водоводи, канализациони системи и секогаш сме тука поразговараме и да изнајдеме решение за било кој проблем – истакна министерот за транспорт Владо Мисајловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.