Британецот Енди Мареј се наоѓа во врвна форма пред последниот грен-слем турнир, Отвореното првенство на САД.
Неколкуте турнири во низа го покажаа тоа, а таков е случајот и на мастерс турнирот во Монтреал во кој Мареј закажа меч за титулата против првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.
Шкотскиот тенисер во полуфиналето го победи Кеи Нишикори експресно со 2-0 (6-3, 6-0) по еден час и шест минути игра. Нишикори кој го победи Надал во четвртфиналето, одигра слаб меч и во никој случај не успеа да ја загорози победата на Мареј.
Во второто полуфинале Ноле без поголеми проблеми успеа да слави над Французинот Џереми Шарди со 6-4, 6-4.
Покрај тоа што се пласираше во финалето на турнирот во Монтреал, Мареј се погрижи од утре да биде втор тенисер во светот, откако ќе го престигне Швајцарецот Роже Федерер. Шкотот прв пат од август 2013 година ќе биде втор тенисер во светот што му е и најдобар пласман во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.