| четврток, 6 декември 2018 |

Педро во Манчестер, но дали на сината или црвената страна од градот?!

Трансфер-сагата околу шпанскиот репрезентативец од редовите на Барселона, Педро и понатаму продолжува и не и се гледа крајот.
По неколкуте состаноци меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед работата веќе беше договорена, со тоа што Педро требаше да остане во Каталонија се до завршувањето на суперкуп натпреварите на Европа и Шпанија. Јунајтед се сложи да ја плати откупната клаузула на договорот која изнесува 30 милиони евра, но работите комплетно добија друг тек.

Според информациите од англиските медиуми, градскиот ривал Манчестер Сити сега нуди 32 милиони евра, и нема да жали пари да го доведе „златното дете“ од Барселона. „Граѓаните“ се подготвени да дадат два милиони евра повеќе од Јунајтед и откупната клаузула!

Менаџерот на Сити, Мануел Пелегри по се изгледа сака по секоја цена да го доведе Педро во своите редови и да им го украде пред нос на големите ривали од црвената страна од градот.

Барселона вечерва го игра суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао и може само за неколку дена да се заќити со нов тројфеј уште на самиот почеток на сезоната по оној од суперкупот на Европа кога ја совлада Севилја токму со голот на Педро во продолженијата.
Се очекува Педро да го започне натпреварот од првата минута со оглед на тоа дека Нејмар уште долго време нема да може да му се стави на располагање на Луис Енрике.
Тој покажа дека е голем професионалец со изјавата дека ќе игра за Барселона се додека тоа се бара од него.

Останува да се види епилогот, и дали парите ќе бидат пресудни за трансфер на Педро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top