Сопругата на киднапираниот Хрват Томислав Салопек, за кој џихадистите на ИД вчера соопштија дека го убиле, не сака да поверува во тоа што се случило.
Наташа Салопек, вели дека до последен момент ќе има надеж дека нејзиниот сопруг е жив и дека драмата ќе заврши со среќен крај.
– Сакам да верувам и ќе се надевам дека е уште жив, ќе се надевам до крај – изјавила Наташа за АФП.
И таткото на Томислав, кој е завиен во црно, вели дека се надева на најдоброто.
– Секој би посакал да има такво дете. Мојот син е мирен, добар, спокоен, одличен работник – вели тој со тешко срце.
И двајцата веруваат дека Томислав е жив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се разведуваат Коки и Росана
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела