Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела, од кои пет тешки кражби и четири кражби, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот О.А. од Гостивар.
Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило, но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000,оо денари.
О.А. користејќи соодветен алат и физичка сила, обивајќи ги вратите, насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, облека и други вредни предмети. По плажите најчесто одземал мобилни телефони но и други предмети, додека во патничко моторно возило влегол со кршење на стаклото од задната врата.
Работејќи на реализација на тешките кражби, полициската станица од Струга оформи предмет со прецизни оперативни информации по што О.А. беше пронајден и приведен. По добиена наредба од Основниот суд во Струга беше извршен претрес во хотелска соба во Струга каде што бил сместен пријавениот и беа пронајдени дел од бесправно одземените предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гостиварец фатен со марихуана – кога се обидел да избега, му ја скинал кошулата на полицаецот
-
Гостиварец уценувал тинејџерка: 400 евра или да излезе со него за да не објави нејзини експлицитни фотографии
-
Гостиварец заработи кривична: Отворал врати и кршел катанци, во една вечер обил четири фирми
-
Внимавајте да не ве ограбат во Грција: Објавени дестинации каде веќе имало кражби