Водачот на легендарната група „Квин“ Фреди Меркјури ја маскирал принцезата Дајана во маж и потоа заедно оделе во геј-клубови во раните осумдесети години на минатиот век, пишува во својата книга комичарката Клео Рокс.

Во книгата која во делови се објавува во весникот „Сандеј Тајмс“, комичарката се присетува како таа, Меркјури, и комичарот Кени Еверт на Дајана ѝ облекле војничка јакна, качет и наочари за сонце и заедно заминувале во геј-бар на југот на Лондон.
– Кога ќе влезевме внатре, мислевме дека веднаш ќа ја познаат. Но, тоа не се случуваше, а нејзе оваа игра ѝ се допаѓаше – изјави Рокс, додавајќи дека во тоа време таа не знаела дали е во ред тоа што Дајана е маскирана во маж.
– Таа изгледаше како убаво младо момче. Тоа што на едно место бевме јас, Мркјури и Еверт предизвикуваше повеќе внимание, па Дајана можеше слободно да си нарача пијалок и никој да не ја забележи – пишува во книгата комичарката.
Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година, а Мекјури почина од СИДА во 1991 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


