| четврток, 6 декември 2018 |

Ја фотографирав принцезата Дајана додека умираше

Принцезата Дајана почина во Париз на 31. август 1997. година, а Велика Британија оваа година ја одбележува дваесетгодишнината на еден од најтрагичните настани во кралското семејство во 20. век.

Дајана и нејзиниот љубовник Доди Ал Фајед загинаа во Париз, бегајќи од папараци кои го снимаа секој нивен чекор, а еден од нив ја фотографирал принцезата по несреќата, додека го чекале возилото на Брзата помош. Фотографот кој ги направил грозоморните фотографии ќе се појави во документарецот на британскиот „Канал 4“ 4, кој се занимава со животот на Лејди Ди и кој ќе се прикажува на почетокот на август, оваа година.

Тој во документарецот признал дека ја фотографирал принцезата додека умирала, но и дека фотографиите ги уништил и тие никогаш нема да бидат објавени.

Папараците сакале да го фотографираат и телото на покојната принцеза откако било објавено дека таа починала.

– Тие се качуваа на покривот од болницата и се искачуваа на прозорците. На крајот моравме да ставиме покривки на сите прозорци и да ги вклучиме вентилаторите бидејќи стануваше претопло. Поради вентилаторот, нејзината коса за момент се помрдна, а јас помислив дека е жива – вели еден од блиските соработници на Дајана за трауматичниот настан кој го потресе целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top