| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастична видео најава за „Боемска рапсодија“, филмот за Фреди Меркјури

Првиот подолг трејлер за филмот „Боемска рапсодија“ за Фреди Меркјури претставува емотивно патешествие зад сцената на некои од најпознатите класични мелодии на Квин.

„Боемска рапсодија“ е фокусиран на фронтменот на Квин, Фреди Меркјури, кого го игра Рами Малек, а најновиот трејлер покажува како тој се инспирирал за некои од легендарните песни на бендот и како се справувал со интересот на јавноста за неговиот личен живот. Поткрепен со неколку песни на Квин, трејлерот е вистински спектакл. „Боемска рапсодија“ ќе излезе во киносалите на 2 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top