| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе протера 94 илјади азиланти од Балканот

азил

Германија ќе протера 94 илјади баратели на азил од Балканот и ќе им забрани повторно влегување на нејзина територија, изјави претседателот на Сојузната канцеларија за миграции и бегалци, Манфред Шмит во интервју за „Велт“.

Причината за оваа одлука е тоа што балканските земји се прогласени за безбедни во однос на политичко протерување и тоа што претежно станува збор за економски, односно социјални доселеници.

– Речиси сите тие со решението за одбивање на азил ќе добијат и известување за забрана за повторно влегување и престој во Германија – вели Шмит.

– Заднината на овие мерки е реформа на германскиот закон за престој и дека само на тие што се добро интегрирани и кои имаат дозвола за престој им е дозволено и понатаму да останат во Германија – изјави Шмит, кој смета дека на барателите на азил треба да им се укине месечниот џепарлак од 143 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top