| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Србија лажно се претставувал како правник

tomislav-nikolic-fotomontaza-1439168054-717167Српскиот претседател Томислав Николиќ лажно се претставувал како правник и никогаш немал завршено правен факултет, пишува српски „Курир“.

Весникот тврди дека има документ од 1997 година, во времето додека сегашниот шеф на државата работел како директор на Јавното претпријатие „Работен простор Земун“, кој докажува дека Николиќ во тоа време лажно се претставувал. Имено, на документот Николиќ е потпишан како дипломиран правник.

Весникот тврди дека Николиќ никогаш не дипломирал на Правниот факултет, а официјална диплома за менаџер здобил дури во 2006/2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top