| четврток, 6 декември 2018 |

Како да препознаете лошо сместување кога резервирате преку интернет?

smeshtaj-650x325

Ништо не може да расипе еден одмор, колку што може пристигнувањето во уплатеното сместување, а допрва да увидите дека се наоѓа на лоша локација, се распаѓа или, пак, има голем број други проблеми.

Така една неверојатна понуда на интернет што мислите дека сте ја пронашле, значи дека ќе спиете на полускршен кревет, маса наместена пред вратата и газдарица што ќе ви тропа на вратата додека водите љубов за да ви каже да ја исклучите климата да не троши многу. Сепак, работите можат да се одвиваат и поинаку.

Постојат многубројни алатки на интернет (од сајтовите за критики и „гугл мапс“, до најчудните слики), кои можат да ви претскажат дека веројатно сте резервирале лошо сместување. Еве неколку од нив, избрани од Thrilist:

Сликите се уметнички или искривени …

Сместувањето нуди соба, а не организира уметничка изложба. Близок кадар на ваза во фоајето, но не и слика од лобито? Црвена ламба. Ако фотографот ја користи т.н. леќа (која проширува фрејмови), постои голема веројатност собите да се мали. Истото важи и за прекумерната употреба на филтри при снимањето.

Во случајот подолу не велиме дека сместувањето е лошо, само укажуваме на тоа кои финти се користат за да се сокрие недостатокот – во случајов, тоа дека собата е мала.

Фото:

oh6

Реалност:

oh66

…Или пак изгледаат премногу добро

Во исто време треба да внимавате и на фотографии што изгледаат премногу совршени. Однапред подготвена и речиси обработена со „Фотошоп“ слика на хотелскиот базен или на плажа со сексапилна жена во костим за капење, изгледа прилично совршено, нели? Она што нема да го видите, сепак, е градежниот објект до базенот, или вистината за тоа колку е тесна плажата.

Фото:

Реалност:

„Гугл мапс“ ја открива вистината

За да видите колку добро изгледа вашето сместување, напишете ја адресата на „гугл мапс“. Ако хотелот однадвор изгледа привлечен, постои веројатност и внатре да е во слична состојба. Се разбира, сликите на „гугл мапс“ може да се стари неколку години, но барем можете да се јавите за да прашате дали хотелот е реновиран во скоро време. Можете да се прошетате низ областа околу хотелот, за да се видите дали тој навистина се наоѓа во центарот на случувањата, како што се рекламира.

Од хотелите можат да објаснуваат колку сакаат за локацијата, но вие можете да го користите „стрит вју“ за да видите дали сето ова е вистина.

Сликата подолу е извадена од страната на еден луксузен хотел. Не можеме да кажеме дека сместувањето е лошо, но вистината е дека не се гледа од ниту една страна водениот простор зад базенот.

Фото:

oh2 (1)

Реалност:

oh22

Лоши коментари на интернет

Во ерата на форуми и постоењето на „Трипадвајзор“, во секое време можете да проверите што велат луѓето за престојот таму. Ако во поголемиот дел преовладуваат негативни коментари, кои се објавени, на пример, пред една недела, тоа е знак да побарате друго сместување.

Со оглед на тоа што кај нас најмногу се летува во Охрид и во Грција ви предлагаме да го запишете на „Гугл“ името на местото и до него да напишете форум, и се разбира да прочитате што повеќе искуства, за да создадете слика од повеќе апсекти. На пример – гугл/Полихроно форум

Веб-сајтот ја рекламира локацијата, но не и самиот хотел

Ако на сајтот на хотелот читате за околната населба, град и слично, но нема ништо за самиот хотел, во тој случај, исто така, би требало да ви светне црвена светилка. Ако пак сајтот е начичкан со слики на Панорамата на градот или на плажата, а во исто време нема слики на собите, не би требало да се сомневате дека ова место ќе ги исполни вашите очекувања.

Фото:

oh3

Реалност:

oh33 (1)

Како да се решите од здодевните газди?

Доколку живеат со вас во исатата куќа, уште пред да уплатите кажете им дека барате сместување каде што ќе бидете сосема сами, дека ви е неопходна приватност и се надевате дека целосно ќе ви ја овозможат.

Извор: 365.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top