| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Трабзон, Работнички игра продолженија со играч помалку

Вистинска фудбалска драма се случува во Трабзон, каде домашниот Трабзонспор и македонскиот претставник Работнички играат продолженија од двапати по 15 минути во третото квалификациско колоз а настап во Лигата на Европа.

Реваншот вечерва заврши со идентичен резултат 1-0 за домашниот тим, како што беше во Скопје, но за Работнички.

rabotnicki-9

Во финишот имаше вистинска драма, а ќе остане енигма дали скопјани беа оштетени за еден погодок по ударот на Алтипармаковски. Онур Киврак одбрани со помош на пречката, но се чини дека топката падна зад гол-линијата и дека Работнички е оштетен. Шанса за пласман во плејофот промаши и Иван Митров по одличниот удар во 90. минута, кој го одбрани Киврак.

Работнички од 65. минута игра со фудбалер помалку по исклучувањето на Трајчевски. Единствениот гол во регуларниот дел за Трабзонспор го постигна Јокуслу во 55. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top