| четврток, 6 декември 2018 |

Трабзонспор со сериозна финансиска понуда тргнува по Елиф Елмас

Турскиот прволигаш Трабзонспор се вклучува во трката за еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас.

Турскиот „Си-ен-ен“ со огромна сигурност пренесува дека разговорите меѓу Трабзонспор и Елиф Елмас се стартувани, а тимот кој е предводен од Ерсун Јанал е цврсто решен да го доведе во своите редови, притоа подготвувајќи и моќна финансиска понуда со која би го придобил македонскиот репрезентативец.

Како што е познато, од поодамна za услугите на Елмас се заинтересирани Манчестер сити, Бенфика, Галатасарај и Борусија Дортмунд за договор со 17-годишниот репрезентативец.

Според информациите од Турција, се очекува деновиве да биде познато дали ќе има договор меѓу Елмас и Трабзонспор. Доколку биде постигнат истиот јасно е дека официјално потпишување професионален договор може да следи во септември кога Елмас полни 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top