Џејсон Стенфорд ќе мора засекогаш да се збогува од својата сопруга, 36 годишната Соња ван Метер.
Имено, Соња е избрана за патот без враќање на Марс, во рамките на контроверзната мисија „Maрс“, чија цел е воспоставување на првата човечка колонија на Црвената планета.
И покрај бројните критики на научниците, првото летало со четворица луѓе кои ќе се упатат кон Марс ќе полета 2026 година, а потоа на секои две години по нови четири лица ќе бидат испраќани кон Црвената планета.
Стенфорд и неговата сопруга, кои во Вирџинија живеат со двајцата синови, ја подржуваат мисијата и мило им е дека член на нивното семејство ќе учествува во овој потфат.
-Соња многу ќе ми недостига, но доколку мисијата успее, ако воспоставиме колонија на Марс, тоа засекогаш ќе ја промени историјата на човештвото – изјави Џејсон, кој додаде дека тој и неговата сопруга се критикувани како од семејството, така и од пријателите.
Соња неодамна гостуваше во една телевизиска емисија во која ги објасни причините за своето заминување.
-Одиме таму, имаме план. Не одиме да умреме, туку да живееме – изјави Соња.
За патот на Марс беа избрани стотина луѓе, а се пријавија повеќе од 200.000.
-Сфатив дека таа го сака тоа и престанав да се борам против мисијата. Ние сме само еден обичен брачен пар во необична ситуација и правиме еден мал чекор за човештвото – изјави Џејсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.