Војниците на Македонската Армија од рано утрово се на терен во најпогодените тетовски региони и им помагаат на граѓаните.
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, за „Прес 24“ вели дека работата оди споро бидејќи условите се лоши.
-Како што побараа граѓаните и како што ветивме, веќе во 6.30 часот во Шипковица имаше 35 војници и куче за барање на затрупани лица. Сега тргнува и втората тура војници.
Работата оди многу бавно затоа што треба внимателност, а и условите се лоши. Како што ја вадат калта, така водата носи нова. Водата го спречува трагањето и на кучето. Сега и МВР ќе донесе куче за трагање. Бидејќи има многу народ, на барање на Штабот, војската наместо 80 лица одеднаш ќе има по 40. Се работи рачно, во две смени една по една, вели Јолевски за „Прес 24“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Јолевски и Михајлоски, набљудувачи во ИЕ 6: Се гласаше демократски, приговорите неосновани
-
Јолевски: По изборите Македонија ќе ги интензивира реформите за интеграција во ЕУ и во НАТО
-
Масовна тепачка по фудбалски натпревар во Тетовско



