| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски и Михајлоски, набљудувачи во ИЕ 6: Се гласаше демократски, приговорите неосновани

jolevski-mihajlovski

Во Тетовскиот реон се гласаше мирно и без никакви проблеми тврди министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој беше набљудувач на изборниот процес токму во овој дел на земјата. Изненаден е од приговорите на партиите за изборните резултати, бидејќи во текот на изборниот ден тие немале никакви забелешки и ги потпишале записниците за гласањето, пишува Сител.

Јас ги набљудував изборите во избирачко место 2080 тоа е во селото Шипковица, Тетово. Изборите беа фер, демократски и слободни. Граѓаните излегоа да го дадат својот глас и кога заврши гласањето во 19 часот претседателот на Изборната комисија нè праша нас 5 набљудувачи дали имаме некои примедби во гласањето. Сите се сложивме дека немаме никакви примедби. Потоа се прејде кон отворање на кутиите, броење на ливчињата кој за кого гласал и кога заврши тој процес кога се потпиша записникот исто така нè праша нас претставниците на партиите кои бевме набљудувачи дали имаме некакви забелешки, по што повторно повторивме дека немаме забелешки, вели Јолевски за Сител.

Не само домашните набљудувачи, според Јолевски и меѓународните набљудувачи и претставници немале никакви забелешки на изборниот процес.

Во текот на денот дојде тим на ОБСЕ, а исто така и од Британската амбасада кои немаа никакви забелешки за начинот како се спроведува гласањето, додава министерот.

Александар Михајловски кој е овластен претставник во Државната изборна комисија вели дека сите приговори пристигнати од СДСМ и БЕСА се неаргументирани и имаат единствена цел да ја продолжат политичката криза.

Изборниот процес помина во фер и демократска атмосфера. Овластените претставници на самите политички партии немале никакви забелешки вечерта, туку сега во точно две изборни единици каде што е близок резултатот и може да се влијае, с еподнесуваат приговори и тоа од едната политичка партија во ИЕ2, а од другата политичка партија во ИЕ6. Во записниците, ако се погледнат приговорите, од страна на нивните овластени претставници во речиси сите избирачки места нема забелешка. Ги прифатиле резултатите, ги потпишале записниците сите членови на избирачките одбори и е затворено сè во една фер и демократска атмосфера согласно законот. Сега се поднесени приговорите. Доколку се анализира содржински и законски ќе се види дека отсуствува правна аргументација во истите. Од страна на едната политичка партија во еден приговор се дадени повеќе избирачки места и паушално се наведени некои наводи без да се предложат било какви докази за поткрепа, дека наводно се сторени тие неправилности кои се наведени во приговорот. Од другата политичка партија која ги има поднесено во ИЕ6 се приговара дека при сумирањето на резултатите е утната некоја бројка, наместо еден глас плус-еден минус кој не влијаело на текот на гласањето и кои се аритметички грешки кои може ДИК да исправи по службена должност и не претставуваат  основ з поништување на гласањето на тие избирачки места, вели Михајловски за Сител.

Михајловски очекува членовите на ДИК да ги отфрлат приговорите како неосновани.

Повеќе години сум бил како овластен претставник во ДИК. Во членовите на ДИК има професионалци кои долги години работат тука и знаат кои се основите за поништување на избирачки места и верувам дека ќе го почитуваат законот, ќе ја видат содржината на приговорите дека стварно се дадени многу слаби приговори кои се гледа дека брзоплето се правени и дека ќе ги отфрлат како неосновани се со цел да се затвори процесот во Република Македонија, да не се прават дополнителни трошоци, да не се продолжува кризата, додава Михајловски.

И оценката на меѓународните набљудувачи беше дека избониот процес поминал мирно во фер и демократска атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top