Тепачка во која учествувале повеќе лица се случила вчера попладне по фудбалскиот натпревар од трета македонска лига меѓу екипите ФК „Камењане“ од Камењане и ФК „Дрита“ од с. Боговиње.
МВР информира дека по завршување на натпреварот, комесарот на ФК „Камењане“ Х.Ф. и други лица од с.Камењане физички ги нападнале претставникот на ФК „Дрита“ С.М. и шест играчи – А.Р., Ф.Ш., А.Б., Б.А., А.А. и Б.Н..
Комесарот Х.Ф. почнал да му упатува разни пцовки на С.М., по што дошле лицата Б.И. и А.И., при што А.И. во еден момент на С.М. му задал удар со тупаница во пределот на лицето, а во исто време и Х.Ф. го удрил играчот А.Р. со тупаница во задниот дел од главата. Откако влегле во соблекувалната, С.М., А.Р. и останатите фудбалери биле физички нападнати, по што од страна на полициски службеници биле раздвоени и со полициска придружба однесени во полицијата во Камењане каде го пријавиле настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.